Откриени 13 мигранти кај Петровец

Полицијата открила 13 мигранти во возило на патот Велес-Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, вчера пред патарината „Петровец“ полициски службеници сопреле возило „Рено“ со велешки регистерски таблици управувано од Ф.З.(25) од Куманово.

При контрола на возилото биле пронајдени 13 мигранти, меѓу кои три малолетни лица, сите од Авганистан. Полицијата го привела Ф.З., кој е задржан во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.