Откриени 16 илегални мигранти во близина на Делчево

Вкупно 16 илегални мигранти во текот на викендот се откриени во близина на граничниот премин Делчево, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Во близина на зелениот дел од државната граница, полицијата спроведе акција за откривање на 16 илегални мигранти, и тоа 14 од Авганистан и по еден од Иран и Индија.

Лицата истиот ден биле предадени на бугарските гранични органи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.