Откриени 16 мигранти во возило на пат за Демир Капија

Шеснаесет мигранти синоќа се пронајдени во возило кое го управувал 35-годишен скопјанец на пат за Демир Капија.

Од 16-те мигранти, 11 биле од Авганистан од кои пет малолетни, четири лица се од Пакистан, а еден од Иран.

Мигрантите се откриени кај месноста „Арсови Лаки“ откако возачот А.Б. не застанал на знак на полициските службеници во близина на селото Удово, туку ја зголемил брзината и го продолжил патот кон Демир Капија.

Возачот и мигрантите во 01:45 часот се приведени во полициската станица во Неготино за понатамошна постапка. На возачот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.