Откриени 17 Албанци кои нелегално престојувале во тетовско

Во куќата на Ќ.Н. (77) во село Желино, тетовско вчеравечер од страна на полицијата биле пронајдени 17 албански државјани на возраст од 19 до 53 години.

Тие тука престојувале, шеснаесет од нив поседувале лични документи, а еден бил без документи. Сите оствариле легален влез во земјава, но непријавено престојувале и работеле на подрачјето.

Се расветлуваат деталите поврзани со нивниот престој на подрачјето, по што ќе се соочат со законски предвидените санкции и ќе бидат депортирани во нивната матична земја.