Откриени 20 Авганистанци во возило кај Кавадарци, возачот побегнал

МВР денеска соопшти дека возачот на возилото не бил пронајден.

Кога ги забележал полициските службеници, возачот го запрел возилото и побегнал. Илегалните мигранти, се посочува во соопштението, биле донесени во полициската станица за граничен надзор Михајлово и со нив бил  извршен разговор. Дел од мигрантите со потврда за предавања на лица се предадени во Прифатен центар за странски државјани-Скопје, а останатите во Прифатен центар за баратели на азил-Визбегово, Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.