Откриени 30 илегалци во 4 одвоени случаи

Во четири одвоени случаи полициски службеници на Регионалните центри за ГР Север (еден) и Југ (три) откриени се 30 илегални миграни и поднесени се кривични пријави против седум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ предвидено по член 418-б став 2 од КЗ на РМ.

Во првиот случај РЦ Север поднесе кривична пријава против Ј.А.(49) од с. Ваксинце поради основано сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“ за што од страна на судија за претходна постапка изречена му е мерка притвор во времетраење од осум дена. Имено, на 24.12.2014 година во 15,15 часот при вршење на редовна патролна служба на локалниот пат Куманово – Лојане, поточно пред с.Ваксинце од страна на полициски службеници од ПС за ГН „Белановце“ бил извршен преглед на ПМВ марка „Фиат Мареа“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека истиот превезувал три лица, илегални мигранти од Р.Сирија без документи за идентификација.

Во вториот случај од страна на Oделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ ГР ЈУГ, деташирани во Гевгелија поднесена е кривична пријава против две лица М.Ј.(29) и М.К.(53) двајцата државјани на Р.Германија за што од страна на судија за претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор од 30 дена. Имено на 21.12.2014 година во 11.00 часот на ГП Богородица при влез во Р.Македонија во ПМВ марка Пежо со германска национална ознака сопственост на второпријавената, а управувано од првопријавениот, при извршена контрола од полициски службеник во специјално направен простор (бункер) во просторот помеѓу задната клупа и багажникот на возилото откриени се двајца државјани на Ирак.

Во третиот случај од страна на Oделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ ГР ЈУГ, деташирани во Гевгелија поднесена е кривична пријава против двајца македонски државјани И.С.(51) и Т.З.(51)за што од страна на судија за претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор од 30 дена. Имено на 21.12.2014 година околу 19.00 часот на локалниот пат с.Марвинци–с.Грчиште пријавените прифатиле и превезувале вкупно 18 нелегални мигранти од Авганистан од кои осум малолетници со намера да ги превезат до Куманово.

Во четвртиот случај РЦ Југ поднесе кривична пријава против Ч.Е.(29) и Б.К.(25) двајцата државјани на Р.Албанија за што од страна на судија за претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор од 30 дена.На ден 22.12.2014 година во 20.45 часот од страна на полициски службеници од ПС за БПСА Демир Капија, при вршење на служба кај наплатна рампа Градско Биле забележани две возила и тоа ПМВ марка “Голф“ со албански регистарски ознаки и ПМВ марка “Ауди“ со грчки регистарски ознаки во кои се превезувале повеќе луѓе. При конттрола на ПМВ марка “Ауди“сопственост и управувано од првопријавениот откриени се две лица од Сирија и едно лице од Ирак, додека пак при контрола на ПМВ марка “Голф“ биле пронајдени уште четири илегални мигранти сите од Сирија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.