Откриени Албанки кои нелегално работеле во струшко

Четири албански државјанки вчера биле затекнати како работат во угостителскиот објект „Дипломат“ во село Велешта, струшко, спротивно од целта на престојот.

Истите се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Во Угостителскиот објект за време на контролата едно лице од с. Велешта ги попречувало полициските службеници во вршењето на службените работи, по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.