Откриени девет девојки кои нелегално работеле во Тетово

Девет женски лица, од кои седум Албанки вчера од страна на полицијата биле откриени дека работат нелегално во објектот „Кораби“ во селото Грно Седларце, тетовско.

Полицијата вчера извршила акциска контрола во објектот во сопственост на З.Л. од Тетово, при што затекнати биле затекнати девет женски лица како нелегално работат од кои седум се албански државјанки на возраст од деветнаесет до двесет и две години.

Истите се приведени и задржани и по целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.