Откриени два килограми хероин на Богородица

Царинските службеници од граничниот премин Богородица – автопат спречија обид за нелегално пренесување на 2 кг високо квалитетен хероин.

Денес околу 05:30 часот, за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријави автобус на транспoртната фирма од Истанбул, Турција.

При детален прегледот на патниците од автобусот кај една патничка албански државјанин, на нејзиното тело, поточно над стомакот се откриени седум пакетчиња со непозната прашкаста материја со светло кафена боја со тежина околу 2000 грама. По извршеното тестирање на пронајдената светло кафена материја со тестери за дрога утврдено е дека станува збор за наркотично дрога– хероин.

Сторителот и хероинот се предадени на инспектори од Одделението за истраги заради превземање на понатамошни предистажни дејстивја.

Од спроведената предистражна постапка, собрани се докази кои укажуваат дека осомничената договорила транспорт на дрога со автобус и тоа за цена од 300 евра. Првобитно истата била контактирана од непознато лице од Тирана кој што при неговата посета во Корча и понудил истата да работи како транспортер на дрога на релација Турција –Албанија.Осомничената се согласила да ја врши понудената работа за надокнада од 300 евра за секој остварен транспорт на дрога.После договореното , направен е план како да се изврши транспортот на дрогата.

На 28.12.2013 год. осомничената со автобус од Корча преку Грција го продолжува патувањето до Истанбул, Турција. Следниот ден осомничената пробно без да носи дрога во нејзе, со автобус тргнала за Струга и тоа преку Грција. Бидејќи патот го поминала без да биде прегледувана на граничните премини од Турција до Албанија, тоа ја охрабрило и веднаш по пристигнувањето, поточно на ден 04.01.2014 година повторно со истата линија од Корча се упатила преку Грција за Република Турција. Во Истанбул ја пречекува повторно НН лице со потекло од Албанија кој што осомничената ја носи во куќа во периферија на Истанбул.По пристигнувањето во куќата ја пречекале две лица кои ја припремиле за транспорт така што седумте пакетчиња со салотејп трака и ги залепиле околу нејзиното тело под долната облека.Откако за спремиле за транспорт на 05.01.2014 година во 20 часот ја однеле на автобуската станица во Истанбул и ја качиле на автобус за Струга, Република Македонија. Дрогата требала да ја предаде при влез во Република Албанија на лице од Тирана. Инаку се работи за висококвалитетен хероин кој на нарко пазарот би достигнал вредност од околу 50.000 евра.

Царинската Управа по целосно комплетирање на истрагата за случајот ке поднесе кривична пријава против А.К. поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело по член 215 од КЗ на РМ “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.Лицето заедно со кривичната пријава во текот на денот ќе биде предадено на надлежното јавно обвинителство во Велес.