Македонија

Откриени двајца илегални мигранти кај Демир Капија

Откриени двајца илегални мигранти кај Демир Капија

Лицата, како што денеска соопшти МВР, се откриени вчера околу 22:45 часот во близина на Демир Капија кај Прждевскиот споменик на автопатот во правец Гевгелија-Скопје.

Возилото било управувано од Н.Н., кој е приведен и задржан во полициска станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.