Откриени две бомби на аеродромот во Каиро

Управата на аеродромот во Каиро денеска ги зајакна безбедносните мерки, откако полицијата откри две бомби, соопшти претставник на обезбедувањето на аеродромот, пренесе МИА.

Бомбите се откриени на различни терминали со помош на електронски направи.

Засега нема извршени апсења, а претставници на службите за безбедност на аердромот ги прегледуваат снимките од безбедносните камери.

Рачно изработена експлозивна направа беше активирана денеска во централниот дел на Каиро, во близина на плоштад. Нема информации за повредени во инцидентот.