Откриени фалсификувани билети за Мундијалот

Органозаторите на Светското фудбалско првенство во Бразил и Светската фудбалска федерација (ФИФА) уште по првите три дена открија дека се соочиле со голем проблем, односно дека откриле фалсификувани билети за натпреварите од А – група каде играат репрезентациите на Бразил , Мексико , Камерун и Хрватска.

„Откривме околу 50 фалсификувани билети за натпреварот Бразил – Хрватска. Доколку судиме според нивниот квалитет, би требало да има уште такви кај навивачите . Не е исклучена можноста да има фалсификувани билети и за другите натпревари”, изјави маркетинг директорот на ФИФА , Тиери Веил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.