Откриени мигранти на стариот пат за Градско

Откриени мигранти на стариот пат за Градско. Со нож и со тупаници се пресметувале со криумчарите, откако возилото со кое ги пренесувале останало дефект.

Вчера околу 18.45 часот, на стариот пат за Градско од страна на полициски службеници било забележано патничко возило „мерцедес“ управувано од Б.Б.(19) од Кавадарци, кое не било во возна состојба, а по извршен преглед во непосредна близина на возилото бил затекнат седумнаесетгодишник од Неготино, кој со патничко возило „ауди“ бил претходница на Б.Б. со уште четворица непознати македонски државјани. Исто така, во близина на возилото се пронајдени и пет мигранти, од кои четворица од Мароко и еден од Алжир, кои за износ од 700 евра требало да ги превезат до Куманово, информира МВР.

По извршениот разговор со малолетникот е констатирано дека откако возилото останало дефект, настанала расправија помеѓу Б.Б. и малолетникот од една страна и мигрантите од друга страна, во која Б.Б. со нож бил повреден во ногата, а малолетникот бил удрен со тврд предмет во пределот на лицето.

Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.