Откриени милиони швајцарски франци заработени од хероин

При меѓународна истрага за недозволена трговија со наркотици, Макeдонската полиција во соработка со претставници од швајцарските органи на прогонот, денеска изврши претстес на три локации во Гостивар заради обезбедување докази за перење пари.  Извршени се претреси кај две лица и една туристичка агенција од Гостивар. Кај нив е пронајдена докумантација за брз трансфер на големи суми на има на повеќе лица, испратени од Швајцарија во Македонија. Двете лица, во својство на сведоци денеска  ќе бидат изнесени пред надлежен јавен обвинител, а проверките се’ уште траат.

Истрагата е со цел обезбедување дополнителни докази за стореното кривично дело перење пари, за што се осомничени 44 годишниот  Сабедин Саити од Куманово и 56 годишниот Куитим Алигега од Гостивар.

Во текот на 2104 година МВР во соработка со швајцарската полиција спроведе успешна истрага против двајцата македонски државјани инволвирани во транспорт и продажба на дрога во Швајцарија. При тоа, Саити и Алигера се лишени од слобода. При операцијата се запленети 25 килограми хероин и и 60.000 швајцарски франци. Утврдено е дека дел од парите стекнати преку продажба на дрога преку брз трансфер на пари, како и преку лица курири се исппаќани од Швајарија во Македонија.

Еден од лицата, каде што денеска полицијата изврши претрес е брат на еден од приведените во Швајцарија, кој пред повеќе од 20 години е фатен со 300 килограми хероин и е осуден на затвор од 18 години. По издржување на казната тој е протеран и му била изречена забрана за влез во Швајцарија. Дајцата приведени во Цирих, подолг период се следени од полицијата заради сомнение дека станува збор за крупни играчи на швајцарскиот нарко пазар. Според сознанијата на швајцарската полиција, тие набавувале големи пратки на дрога од Турција и по разни канали  ги внесувале во Швајцарија.

Во една прилика швајцарската полициа успеала да заплени стотина килограми хероин, но заради не постоење доволно докази, не успеале да покренат обвинение против Саити и Алигери.

Според некои проценки, домот во кој живеел Саити, чини неколку милиони швајцарси франци.

По вклучувањето ма македонската полиција и откривањето на 25 килограми хероин, двете лица се приведени, а сомненијата на швајцарската полиција велат дека преку перење пари, двајцата успеале да канализираат над 2,5 милиони швајцарски франци.

Истрагата продолжува и понатаму.