Магазин

Откриени најоддалечените траги на кислород од Земјата

Откриени најоддалечените траги на кислород од Земјата

Меѓународен тим астрономи под водство на јапонскиот научник Такуја Хашимото со помош на радиотелескоп ја откриле најоддалечената галаксија MACS1149-JD1 во којашто има траги од кислород, објави научното списание е Science Daily.

Екипата работела со помош на радиотелескопот ALMA и оптичкиот Very Large Telescope (VLT) на Европската јужна опсерваторија во Чиле. Утврдиле дека галаксијата MACS1149-JD1, којашто е оддаленеа на 13,28 милијарди светлосни години од Земјата е најоддалечената.

Порано од неа беа познати само ѕвездите, коишто се формирале подоцна. Според студијата, ѕвездите во оваа галаксија се формирале 250 милиони години по Големиот тресок.

„Бев многу возбуден кога откривме траги од присуство на кислород на толку голема оддалеченост. Ова откритие ги поместува границите на истражувањата во Вселената“, вечи водечкиот автор на истражувањето од Универзитетот Осака и националната астрономска опсерваторија на Јапонија, Такуја Хашимото.

Со помош на ALMA научниците вече открија траги од кислород на рекордни растојание од Земјата. Така на пример, преку 2016 година од Акио Иное од Универзитетот Осака откри присуството на кислород на 13,1 милијарда светлосни години. Неколку месеци подоцна Николас Лапорт од Универзитетскиот колез Лондон успеа да го регустрира присуството на елементот на 13,2 милијарда светлосни години од Земјата.