Македонија,Крими хроника

Откриени лицата кои го извршија нападот со спреј во Арсени Јовков

Откриени лицата кои го извршија нападот со спреј во Арсени Јовков

Откриени лицата кои го извршија нападот со спреј во средното учичиште Аресени Јовков. МВР ќе поднесе кривични пријави против три лица за предизвикување на општа опасност, објави Алсат.

Против дваесетгодишниот Никола Џиковски кој го донел спрејот во училиштето, против 16 годишниот Антонио Тошев кој е ученик во училиштетот во втора година и против седуманесетгодишниот Албин Куртовиќ, ќе бидат поднесени кривични пријави, јавува Алсат.

Вторите двајца прскале со спрејот.

Инаку, инцидентот во училиштето се случи пред два дена, по што четириесетина ученици и еден наставник завршија на Клиниката за токсикологија со симптоми на кашлање и солзење на очите. Тие вчера беа пуштени од болницата на домашно лекување. Уште не се знае мотивот за нападот со спреј.