Македонија,Крими хроника

Откриени осум лица кои илегално работеле во тетовско

Откриени осум лица кои илегално работеле во тетовско

На 27.12.2014 година полициски службеници од регионалниот центар за гранични работи Север постапувајќи по судска наредба од Основен Суд Тетово извршиле претрес во домот и другите помошни простории на лицето Ш.И. од с.Желино, тетовско и угостителски објект „Еrdi Bosi“.

При претресот на гореспоменатите локации биле затекнати осум лица на возраст од 19 до 38 години кои нелегално работеле во угостителскиот објект. Седум од пронајдените лица се државјани на Р. Македонија, освен 20 годишно лице која е од Дибар, Р.Албанија и истата го злоупотребила туристичкиот престој во државата.

Во просториите пронајдено е и лицето И.К.(23) од Куманово која се барала за издржување затворска казна во времетраење од една година за сторено кривично дело “криумчарење на мигранти”.