Откриени осум мигранти во автомобил, возачот уапсен

Жител од кумановското село Никуштак бил уапсен откако вчера се обидел во автомобил да прокриумчари осум мигранти од Иран. Полицијата против С.А. (22) поднела кривична пријава за криумчарење мигранти.

Полициска екипа вчера во 7.30 часот во атар на кумановското село Лојане, забележала автомобил „опел вектра“  што го управувал С.А. Полицијата се обидела да го сопре возилото, но возачот ја зголемил брзината и се обидел да избега. Набрзо возилото било сопрено и при извршени проверки биле пронајдени осум мигранти од Иран.

Возачот бил уапсен, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.