Откриени пет Албанки кои нелегално работеле во Тетово

Полицијата синоќа извршила контрола во угостителскиот објект Ловец, лоциран на патот Тетово – Гостивар, при што биле откриени пет албански државјанки.

Тие биле на возраст од осумнаесет до триесет и три  години и биле нелегално вработени во наведениот објект.

Истите се приведени и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.