Откриени три мртви деца во јужен Лондон

Лондонската полиција пронашла тела на три деца во јужниот дел на градот, а засега единствено е познато дека едно лице по откривањето набрзо е уапсено.

Портпаролот на полицијата соопшти дека полицијата синоќа добила повик дека на една адреса во Њу Малден пронајдени се тела на три деца.

Британските медиуми утринава јавуваат дека едно лице е уапсено и задржано во притвор во полициска станица во Лондон.

Полицијата покрена истрага и за сега не сака да соопшти детали за тоа што е причината за смртта на децата.