Откриено е труење со средство за дезинфекција во јапонска болница

Изминатите месеци во болницата „Огучи“ забележан е пораст на смртни случаи, што ги покрена шпекулациите дека труењето можеби се спроведува систематски.

Истрагата е покрената откако на 20 септември болницата ја извести полицијата за случајот на труење, откако еден 88-годишен пациент починал додека интравенозно примил инјекција.

Подоцна е утврдено дека во растворот се наоѓало средство за дезинфекција, а овој пациент бил наводно втора жртва на труење.

Само неколку дена порано починал неговиот цимер, а аутопсијата потврдила дека и тој бил отруен со истата хемикалија.

Иследниците наводно пронашле мали убоди во десет од околу 50 неискористени интравенозни кеси во амбулантата на четвртиот кат, каде се сместени пациентите во термалната фаза на болеста.

Адвокатот на болницата Јуки Уехара изјави дека на тој кат од 1 јули до 20 септември починале 46 пациенти. Според него на тој кат истовремено можат да се сместат до 42 пациенти, од кои вообичаено е половината да починат.