Откриено местото на првото стапнување на Цезар на британска почва

Археолозите веруваат дека го пронашле точното место на првото стапнување на почвата на денешна Британија и истоварување на Јулиј Цезар, во грофовијата Кент.

Се верува дека генералот на римските легии во заливот Пегвал во областа Танет. Тоа денес се наоѓа околу километар во копното, но во времето на Јулиј Цезар било на брегот. Досега точното место на истоварувањето беше непознато, пишува BBC.

Археолозите тврдат дека локацијата се совпаѓа со описот на смиот Цезар по кој е видлива од морето, има голем отворен залив, а над е извешен дел, односно рид кое било како стражаница.

Војската на Цезар таму веднаш изградила помало утврдување, а научниците од Униврзитетот Лестер тврдат дека го откриле местото на истоварувањето. Археолозите таму пронашле римско копје и грнчарија во блиското село Ебсфлит, а повеќето предмети датираат од првиот век од новата ера.

Површината на оваа база изнесува околу 50 акри, а главната намена ѝ била да ја заштити флотата на Цезар, која била извлечена на брегот. На самата локација е пронајден одбранбен јаз, што упатува на тоа дека станува збор за воено утврдување. Формата на јазот е сличен на римските утврдувања во Алеси во Франција.

Првата инвазија на Цезар е изведена 55 година пред Христа и била неуспешена имајќи предвид на тоа дека Римјаните наишле на силен отпор на тамошните жители Бритите, но следната 54 година состојбата била поинаква. И покрај тоа Цезар никогаш не воспоставил окупациски сили на британската почва.

Неговото истоварување во Кент им го олеснило на Римјаните освојувањето на делови од Британија речиси стотина години подоцна која започната постојаната римска окупација на Велика Британија, којашто ги вклучила Велс и делови од Шкотска, а траела речиси 400 години. Цезар во Италија се вратил како јунак по славниот премин на реката Рубикан 49 година пред новата ера, а претходно не ја распуштил војската, што тогаш претставувала наврада за римскиот Сенат.