Откриено смрзнато тело на алпинист кој исчезнал пред 32 години

Смрзнато тело на планинар откриено на Алпите 32 години по неговото исчезнување. Патрик Ивер последен пат бил виден жив на 1 март 1982 година, кога сам тргнал да го освои највискиот врв во Европа, Мон Блан. Никогаш не се вратил во својата база, откако на патот кон врвот ненадејно бил зафатен од големо невреме.

Спасувачките екипи кои се искачија да го испитаат пронајдениот труп, соопштија дека кај Ивер била најдена неговата лична карта и комплетната алпинистичка и скијачка опрема.

Телото е откриено на падините на еден глечер на височина од 2.687 метри.

Таткото на Ивер изјави дека како страствен планинар, би сакал мртвото тело на неговиот син да остане засекогаш во планината, наместо да биде погребано на локалните гробишта.

Илјадници алпинисти ги ризикуваат своите животи на опасниот терен при настојувањето да се искачат на Мон Блан, секогаш соочувајќи се со непредвидливото време.

Деветмина алпинисти загинаа во 2012 година, кога беа зафатени од лавина во француските Алпи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.