Откриено зошто ракот се враќа и по неколку години по хемотерапијата

Американските научници го откриле механизмот кој на клетките на ракот на дојка им обезбедува своевидна состојба на мирување во подалечните органи во телото, за да по многу години „хибернација“ повторно се појавуват во смртоносен метастатски облик.
Благодарение на експериментите извршени со човечки клетки на лабораториски глувци било утврдено дека со онеспособување на овој механизам, со помош на лекови или со генетска манипулација, може да се онеспособат овие клетки на ракот и да се спречи нивната способност за понатамошно ширење.

Откритието е ветувачко кога станува збор за развој на терапии за борба против рак на дојката, веруваат американските научници. Тие потсетуваат дека околу 90 отсто од смртните случаи на рак на дојка се резултат на метастатски рак во IV. фаза, кои обично се шири во далечните органи и како таков не може целосно да се излекува, туку станува форма на хронично заболување, кое е потребно систематски и континуирано да се лекува и се држи под контрола.

Научниците се обидувале да го разберат начинот на кој клетките на ракот успевале да бидат притаени, некогаш и по децении, и што е точно причина за нивното активирање.

Резултатите на нашите истражувања упатуваат на тоа дека клетките на ракот на дојка успеваат да преживеат долго кај пациентки со помош на клеточниот процес познат како механизам на автофагија, основниот механизам на разградување на клеточните компоненти, попрецизно на непотребни или дисфункционални компоненти со помош на лизозоми, кои се клеточни органели, објаснува коавторот на истражувањето, Кент Хантер, научник на Националниот институт за рак во Бетесда.

Со автофагија, софистициран имунолошки одбрамбен механизам може да се препознаат, уловат и уништат патогените организми, да испорачаат антимикробни молекули до патогените кои се кријат на недостапните делови на клетката, може да учествуваат во имунолошките процеси со детекција на присутност на страни патогени организми.
Тоа значи дека аутофагијата го удвојува механизмот на убивање на патогените во клетките и внимава на можни инфекции и го известува имунолошкиот систем за нив. Дисфункција на автофагијата резултира со болести како што се ракот, невродегенеративни заболувања, инфекции и предвремено стареење. Главниот ген за автофагијата недостасува во 40 до 75 проценти од случаите на рак.

Хантер објасни дека автофагијата се активира во моментот кога било која клетка- здрава или канцерогена ги активира механизмите на преживување во стресна или со храна сиромашна средина. Ова им овозможува на клетките делумно да се деактивираат и да преминат во своевидна состојба на мирување.

Ова откритие помага да се објасни зошто сегашните третмани за рак на дојка често не успеваат да ги искоренат малигните клетки на ракот кои во организмот се задржуваат по операцијата и по хемотерапијата.

Многу лекови кои се користат во борба против ракот се насочени кон клетките на ракот кои се делат. Но латентните ќелии, оние кои хибернираат, не се делат активно ниту често и тоа е причината зошто веруваме дека се отпорни на сите видови на лекови кои се користат во моментов во модерната медицина, вели Хантер.

Фактот дека тие се кријат на друго место во телото им помага на клетките да „избегаат“ и на други видови на локализирани третмани, како што е зрачењето.

Хантер и неговата колешка Лаура Вера-Рамирез извеле експеримент на начини што во телото на лабораториските глувци инјектирале „латентни“ клетки на ракот. Половина од животните доби лек кој спречува автофагија, а другите добиле плацебо. Во вториот експеримент, пак, го измениле генот што ја контролира автофагија. И при двата експерименти значително се намалила стапката на преживување на клетките на ракот и го ограничиле нивното ширење, се вели во студијата.

Патот кон одржлив и успешен третман ќе биде долг, вели Хантер, додавајќи дека тие ќе треба да спроведат клинички испитувања врз луѓе за да се утврди дали делува на нив и дали може да се применува на други видови карцином.