Откријте ја свежината на парфемот Ange Ou Demon Le Secret на Живанши

Модната куќа Живанши повторно го лансираше парфемот Ange Ou Demon Le Secret, оригинално претставен во 2009 тата година како цветна верзија на ориенталниот парфем Ange Ou Demon од 2006.

Композицијата останува верна на тематиката за бело цвеќе и чај од јасмин. На врвот се мирисните ноти на листови од чај, лимон и брусница. Кристалниот јасмин во срцето е измешан со акорди на бел божур. Во основата се чувствуваат мирисните ноти на пачули, бело дрво и мошус.

Новата кампања за парфемот ја сними фотографот Микаел Јансон. Овој пат наместо актерката Ума Турман како заштитно лице се јавува манекенката Кати Нешер. Мирисот е достапен во амбалажа од 50 и 100 ml.

Ange Ou Demon Le Secret е претставен воаприл  2014 та година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.