Нови видеа откриваат детали за убиството на Аркан

Поминаа 16 години, а убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан и понатаму еднакво ја интигрира јавноста. Сеуште не се знае кој е вистинскиот налогодавач на ликвидацијата, сеуште не се знае.

На 15-ти јануари 2000 – та година пред тогашен „Интерконтинентал“, денешна Краун Плаза застанаа два автомобили. Од опелот Калибра излегоа Драган Николиќ Гаги и Милан Ѓуричиќ Мики што од претходно и биле познати на полицијата, пишува „Србија данас“.

Од другото возило, голф, излегол Зоран Николиќ Пегла како и припадникот на Втората чета на Првиот баталјон на полициската бригада на СУП Београд, Доброслав Гавриќ.

Пегла останал на паркингот, додека сругите тројца влегле во холот подготвувајќи се за трикратното убиство. Во холот на хотелот имало голема гужва. Аркан седел во сепаре недалеку од рецепцијата. Во хотелот дошол заедно со сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохранителот Звонко Матовиќ.

Додека сестрите заедно со Матеовиќ шетале низ бутиците, Аркан заедно со друштвото седел во холот. Неколку минути по 17 часот му пришле Мики и Гаги. Се ракували со него се бакнале со Мaнда и тргнале кон скалите што воделе кон хотелските сали за банкет. Гавриќ седнал во другото сепаре, неколку метри зад грбот на Аркан.

Една минута подоцна, Гавриќ станал од масата. Од под капутот го извадиш пиштолот „CZ 99“. Испукал три куршуми во тилот на Аркан. На подот на холот во „Интерконтинентал“ паднале чаури, чаши и шишиња, а гостите залегнале на подот криејќи се од рафалите. Полицијата веднаш дошла на местото на настанот, но не и брзата помош.

Цеца и Лидија плачејќи и молејќи за помош го влечеле Аркан до излезот на хотелот. Цеца потоа се обидела да наговори еден полицаец со службеното возило да го однесе Аркан до болница. Тој ја одбил затоа што немал дозвола од претпоставениот. Конечно Аркан со БМВ бил префрлен во Ургентниот центар, каде и официјално бил прогласен за мртов.