Откриваме, како ќе препознаете „швалерчина“

Неверството не е исклучено ниту во врските во кои се се чини совршено. Мажите по природа се посклони на неверство отколку жените. За нив, сексот многу често е само физички контакт преку кој се задоволуваат своите потреби, па главно не им паѓа тешко да соберат некоја девојка во клуб, да ја одведат дома и да и дадат „шут“ кога ќе завршат работа.

Ним „швалерисувањето“ им е во крв и од таа навика тешко можат да се откачат дури и во врска или во брак. Жените честопати ниту знаат дека имаат работа со неверник, имајќи предвид дека многу од нив се одлични глумци. А, како да знаете дали вашиот партнер е еден од ретките и верни исклучоци или е сосема типичен пример? За почеток обрнете внимание на следните работи:

Ако на вашиот партнер му пречи што го земате неговиот смартфон, а тој притоа добива чудни повици кои само ги прекинува, постојано е напнат и расеан, голема е веројатноста нешто да крие од вас.

Ако одеднаш го интересира здрав начин на живот и исхрана, вежбање, слабеење, постои опасност дека некого сака да го шармира, а тој некој сигурно не сте вие.

Обрнете внимание на секоја промена во вашиот заеднички сексуален живот. Можно е да нема волја за секс или сега одеднаш е напален. Наглите промени се сомнителни, а на вас останува да ги забележите.

Ако вашиот партнер често ги избегнува своите работни задачи на работа, а сега одеднаш од работа се враќа покасно и постојано мора на состаноци, тоа мора да го пробуди вашиот сомнеж.

Иако одлично се сложувате со неговите пријатели, сега инсистира да бидете сами. Тоа може да сугерира дека вашиот партнер се плаши да не се посомневате во нешто,се разговарајќи со некои од неговите пријатели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.