Секс

Откриваме: Кој дел од нејзиниот тело сака нежност, а кој грубост

Откриваме: Кој дел од нејзиниот тело сака нежност, а кој грубост

Можеби мислите дека добро го познавате секој дел од телото на својата партнерка, но провери дали знаеш и кој дел од нејзиното тело е најчувствителен на нежен допир, а кои делови сакаат малку погруба игра.

Секој сантиметар од нејзиното тело е чувствителен на допир, но не секој дел поеднакво е чувствителен. Канадските научници ја тестирале чувствителноста на неколку делови од женското тело, вклучувајќи и делот меѓу анусот и вулвата, како и бочната страна на градите и брадавиците. Веќе погодувате дека овие делови од телото се почувствителни од вратот, подлактиците и абдоменот.

Истражувачите користеле нежен допир, притисок и вибрации за да утврдат како секој дел од женското тело реагира на овие допири. Користејќи инструменти, научниците допирала 30 жени на возраст меѓу 18 и 35 години, а еве што откриле.

Кога станува збор за нежен допир, внатрешната страна на препоните се најчувствителни, но не треба да се занемарат ниту подлактиците и вратот, кои истотака се исклучително чувствителни подрачја. Најмалку чувствителна на нежен допир е аеролата, кожата околу брадавицата.

Клиторисот и брадавиците треба да ги притиснете малку појако (но, не премногу силно, за да не ја повредите партнерката), бидејќи тоа е вид на допир што најмногу му прилега на овој дел од телото. Од друга страна, бочната страна на градите и стомакот не би требало да ги притискате.

Особено очекувано, клиторисот и брадавиците исто така се најчувствителни на вибрации.

Сумирајќи ги резултатите, научниците објаснуваат дека гениталиите се најчувствителни на притисок и вибрации, отколку на нежен допир, што го сметаат за „интересно откритие поради тоа што  голем број луѓе сакаат во сексот да вклучат и играчки за возрасни“.