Откривањето и третманот на нарушување во сонот ќе спасат илјадници животи на патиштата

До 30 отсто од смртните случаи во сообраќајни несреќи можат да се спречат со навремена дијагноза и лекување на опструктивната ноќна апнеа – најчестиот облик на пореметување во дишењето за време на спиењето. За да се намали ваквиот црн биланс на патиштата ширум Европа, од почетокот на идната година во земјите од Европската Унија се воведува обврска за задолжително тестирање на опструктивна ноќна апнеа за сите сегашни и идни возачи. Ова е една од главните целина состанокот на водечките медицински експерти запореметувања во спиењето од централна, источна Европа и Русија, што во организација на компанијата Philips се одржува во Скопје.

Експертите ги повикаа институциите во земјите од регионот и Македонија да ја применат регулативата на ЕУ за задолжително тестирање на возачите за оваа болест и дополнително да преземат ефективни мерки за навремено откривање и успешно лекување на опструктивната ноќна апнеаод која страда 5%од возрасната популација или 100 милиони луѓе во светот и претставува сериозен здравствен, но и социјален и економски проблем за земјитепоради сериозните последици што ги предизвикува.

Податоците на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје покажуваат дека во Македонија опструктивна ноќна апнеа годишно се открива само кај 50-тинапациенти, иако нивната реална бројка достигнува и до повеќе од 100.000лица.“Уште поалармантен е податокот дека само 16% одмалкуте пациенти кај кои се дијагностицира ноќна апнеа се лекуваат. Останатите продолжуваат да живеат со проблемот кој го загрозува нивното здравје, им го скратува животниот век и до 10 години во просек и го зголемува ризикот за сообраќајни и други несреќи кои можат да ги предизвикаат овие луѓе поради тоа што заспиваат возејќи во текот на денот”, вели проф. д-р Бисерка Јовковскаќаева, директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија.

Нејзиниот колега и претседател на Македонското здружение за ноќна апнеа,професор д-р Дејан Докиќ објаснува дека заради повеќекратните прекини на дишењето за време на сонот, од кои секој може да трае од 10 секунди до две минути, кај пациентите со ноќна апнеа доаѓа до намалување на дотокот на кислород до виталните органи, меѓу кои и до срцето и мозокот. „Ваквата состојба, доколку не се открие и лекува, може да предизвика бројни сериозни заболувања, како висок крвен притисок, срцеви напади, мозоченудар и дијабетес. Исто така, заради заспивањето во текот на денот овие пациенти имаат и до 12патипоголемризикдапредизвикаатсообраќајнанезгодавоспоредбасоздравите луѓе. Ваквите последици се премногу сериозни за да можат да бидат игнорирани“, дециден е проф. д-р Докиќ.

Вкупните трошоци на здравствените системи за лекување на сериозните заболувањакај луѓето предизвикани од ноќната апнеа се огромни. Само во САД тие годишно се проценуваат на 3,4 милијарди долари. Но, вкупниот товар врз националните економии е далеку поголем поради индиректните штетипредизвикани од намалена работоспособност, повредите и несреќите случаи предизвикани од заспивање на пациентите со ноќна апнеа во текот на денот.

“Резултатите од истражувањата јасно покажуваат декавкупната инвестиција залекување на ноќна апнеа со CPAP-апараткај пациентите се исплатува за помалку од 2 години. Тоа е далеку поисплатливо за пациентите иза националните здравствени системи, отколку справување со долгорочните сериозни економски и здравствени последици кои ги предизвикува ноќната апнеа, доколку навремено не се открие илекува. Оттаму сосема е јасно што треба да се преземе“, вели професорот ДеркЈан Дијк, директор на центарот за клинички истражувања на сонот на Универзитетот во Сури во В. Британија.

Медицинските експерти се согласни дека една од најефективните опции залекувањена опструктивната ноќна апнеа се апаратите сопозитивен воздушенпритисок- CPAP (Continuous Positive Airway Pressure) кои овозможуваат нормално дишење при спиењето.

Апаратите овозможуваат континуиран проток на воздух преку носот со користење на маска. Воздушниот притисок кој се регулира мануелно или автоматски спречува колапс на воздушните патишта и прекин на дишењето. Ваквите апарати, кои се иновација на компанијата Philips,се достапни и во Македонија и овозможуваат ефикасен третман на ноќната апнеа водомашни услови.

apnea

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.