Економија

Откупени 11.235 тони тутун

Откупени 11.235 тони тутун
Вкупно 11.235 тони тутун во вредност од 2,098 милијарди денари се откупени заклучно со вчера, 20 јануари.

Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), просечната откупна цена е 186,7 денари, а се исплатени 81 отсто од преземените количини тутун.

-Родот годинава е со добар квалитет, а тоа го потврдува и постигната цена, истакнуваат од МЗШВ.

Тутунарите први ги добиваат субвенциите од 60 денари за килограм, по завршувањето на откупот.