Откупени 5.000 тони тутун, просечната цена 185 денари

Само две недели од почетокот на откупот, преземени се вкупно 5.168 тони тутун од годинашната реколта, а просечна цена е 185 денари по килограм или 65 денари повеќе од ланската за истиот период, соопшти денеска Министрството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 54,21 отсто или за родот од 2015 година, досега се исплатени 518.498.348 денари.

tutun-11-630x289

Откупот се врши на 186 ваги на 152 откупни места од страна на деветте откупувачи, без проблем и согласно договорите меѓу производителите и откупувачите.

Според првичните проценки, се очекува да бидат откупени околу 25.000 тони тутун.

Министерството за земјоделство, како што информира, пред откупот достави писмено известување до откупните компании за преземање одредени мерки кои ќе помогнат за поуспешен откуп на тутунот од родот во оваа година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.