Македонија

Откупени повеќе од 14.500 тони тутун, просечната цена 192 денара

Откупени повеќе од 14.500 тони тутун, просечната цена 192 денара

Деветте компании за месец и половина или од почетокот на откупот, 15 ноември, презеле 75 отсто од очекуваните количини. Исплатата е реализирана 93 проценти, на тутунарите им се префрлени 2,612 милијарди денари.

Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 252 денара за килограм, информира МЗШВ.

Според првичните проценки, во реколта 2016 се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор  потпишаа 10 претпријатија, од кои девет го исполнија условот за откуп – заклучно со 15 декември доставија банкарска гаранција дека обезбедиле средства за таа намена.