петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 48

Откупени повеќе од 17.500 тони тутун, просечната цена 193 денари

Вкупно 17.600 тони тутун или речиси 90 отсто од очекуваната реколта се преземени заклучно со 24 јануари, на половина од крајниот рок за откуп.

тутун

Поврзани вести

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), просечната откупна цена е 193,84 денари по килограм. Исплатата е реализирана 90 проценти, односно досега се исплатени 3,56 милијарди денари.

Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 253 денари за килограм тутун, соопшти МЗШВ.

Во реколта 2016 се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун, а краен рок за откуп е 15 март 2017 година.

Најчитани вести