Договорена откупната цена на винско грозје

Договорена откупната цена на винско грозје. Договорот за минималната откупна цена на килограм винско грозје била договорена на денешниот состанок помеѓу откупувачите на грозје и лозарите што се одржа под медијаторство на министерот Михаил Цветков.

Како што информираат од во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, договорено е минималната цена за откуп на сортата грозје Вранец со 19 шеќерни единици да биде 13 денари за килограм. Покрај тоа, договорена е и цена од 0,68 денари по шеќерна единица, која ќе се користи при пресметка на откупна цена за сортата Вранец во случај кога производителите на грозје ќе предадат грозје со повисока или пониска вредност од 19 шеќерни единици.

Договорена откупната цена на винско грозје
Договорена откупната цена на винско грозје

За откуп на сортата Смедеревка со 17 шеќерни единици минималната цена ќе биде 11 денари за килограми и 0,64 денари по шеќерна единица, која ќе се користи при пресметка на откупна цена во случај кога производителите ќе предадат грозје Смедеревка со повисока или пониска вредност од 17 шеќерни единици.

Сите откупувачи на грозје и винарски визби, откупните цени согласно договорените минимални цени и цените по шеќерна единица ќе ги истакнат на видно место на своите откупни пунктови. Цената на винското грозје од т.н. висококвалитетни сорти во секој случај ќе биде повисока од договорените цени за сортите Вранец и Смедеревка и ќе се утврдува во договор помеѓу производителите на грозје и откупувачите / винарските визби, соопшти МЗШВ.

Од Министерството посочуваат дека исплатата на откупеното винско грозје ќе биде во законски утврдениот рок согласно Законот за виното.