петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

Три откупни компании ја почнаа исплатата на тутунот

Почна исплатата на тутунот. Три откупни компании ја почнаа исплатата на тутунот, информира Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

tutunari

Поврзани вести

Почна исплатата на тутунот. Три откупни компании ја почнаа исплатата на тутунот, информира Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Почна исплатата на првите откупени количества минатата недела. Откупувачите се придржуваат на договореното да исплаќаат во рок од седум дена од преземањето на родот од кооперантите-тутунари, вели претседателот на Сојузот Данчо Милески.

Филијалата на Тутунска банка во Прилеп потврди дека во моментов пари за тутунот исплаќаат три откупни компании: Сокотаб од Битола, Прилепскиот тутунски комбинат и Алијанса од Кавадарци.

Сите девет откупни претпријатија ги отворија пунктовите за откупот на тутунот од годинашнава реколта.

Тутун се откупува  на 152 откупни пункта, односно на 186 ваги во земјава и откупуваат сите девет претпријатија. Досега просечната цена е 178 денари за килограм, истакнува Милески.

Реколтата иако помала, околу 23.000 тони, е со висок квалитет. Сојузот на тутунските здруженија смета дека цената треба да биде уште повисока, а забелешки имаат на пунктовите на прилепскиот тутунски комбинат.

Во комбинатот не се проценува според квалитетот на тутунот. Имаме доста спорни бали тутун и со тоа се запознати во Министерството за земјоделство и во Инспекторатот, објаснува Милески.

Инспекторатот е на терен и ќе ги проверува сите спорни количества тутун за кои тутунарите не се задоволни со процената

Најчитани вести