Македонија,Економија

Откупот на земјоделски производи е зголемен за 77,3 отсто

Откупот на земјоделски производи е зголемен за 77,3 отсто

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во февруари годинава е 2.379.809.000 денари што претставува зголемување за 28,4 проценти во споредба со истиот месец лани.

Според Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 77,3 отсто, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 22,2 процента.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, индустриските растенија, млекото и рибата, додека опаѓање на вредноста се забележува кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млечните производи.