Македонија

„ОТО мебел маркет“ ќе го опремува Дневниот центар за деца со аутизам

„ОТО мебел маркет“ ќе го опремува Дневниот центар за деца со аутизам

Компанијата за изработка и производство на мебел „Технокооп“, преку својот бренд за продажба на сериски мебел „OTO мебел маркет“ започнува со донаторска акција наменета за доопремување на просторија во Дневниот центар за деца со аутизам од Скопје. Со издвојување на дел од продажбата што ќе ја оствари за времетраењето на АУТЛЕТ саемот за домот, од 5. до 14. јуни, ќе го уреди и прилагоди просторот според потребите на децата што го посетуваат.

Навистина е прекрасно чувството кога Дневниот центар за деца за аутизам е во центарот на фокусот на компанија, позната по општествено одговорните акции, каква што е „ОТО мебел маркет“. Нашата институција, што дневно ја посетуваат 15 деца е од големо и исклучително значење за нивниот психофизички развој и напредок. Поради тоа особено сме среќни и задоволни што поголемиот дел од денот сега ќе имаат можност да го поминат на удобниот мебел, што секогаш ќе ги потсетува дека нивната добросостојба е една од главните грижи на општеството“ изјави Тања Мишовска Стојковска, раководител на Одделение за лица со пречки во менталниот или телесниот развој, при Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје.