Отоманскиот султан поседува 4.280 недвижнини на Балканот

На Балканскиот Полуостров има 4.280 недвижнини коишто му припаѓале на отоманскиот султан Абдулхамид Втори во периодот помеѓу 1869 и 1908 година, изјави Зејнел Туркоглу, управник на турскиот Катастар.

Како што јавува агенцијата Анадолија, во архивите се чуваат изводи за 7.756 недвижнини од Анадолија, Блискиот Исток и Балканот.

– Во архивите на Дирекцијата има три тетратки за активниот и пасивен имот на султанот. Има податоци за ниви, градини, фарми, живеалишта… Во Грција се наоѓаат 2.843 објекти, во Албанија 1.424, во Бугарија – осум и во Македонија – пет недвижнини, појасни Туркоглу.

По смртта на султанот во 1918, одредени недвижни објекти му припаднале на Државниот трезор.