Македонија

Отпочна реконструкцијата на водоводната мрежа по два крака од улицата 101 во Волково

Отпочна реконструкцијата на водоводната мрежа по два крака од улицата 101 во Волково

Јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје во населеното место Волково ја започна реконструкцијата на постоечката водоводна мрежа по два крака од улицата 101.

Со реконструкцијата ќе бидат заменети старите поцинковани цевки со нови полиетиленски цевки профил ND 90 милиметри во должина од 257 метри.