Отпуштени сите академици од Кремљ, министерствата за одбрана и внатрешни и ФСБ

кремљ

Сите отпуштени биле академици или дописни членови на Руската академија на науки (РАН), а Песков изјави дека тие се разрешени по сопствена желба и потврди дека нивната смена од функциите е поврзана со изборите во РАН.

Путин меѓу другите ги разреши од должност и министерот за внатрешни работи Александар Савенко, началникот на главната воено-медицинска управа на Министерството за одбрана Александар Фисун и началникот на управата за регистрација и архивски фондови на ФСБ, Василиј Христофоров, кој е ослободен од должноста бидејќи ги исполнува условите за пензија, се наведува на сајтот на Кремљ.

Со указ на претседателот отпуштен е и началникот на главната медицинска управа во администрацијата на претседателот Константин Костенко.

Путин минатата недела потсети дека кон крајот на 2015 година побарал од претставниците на власта да се воздржат од учеството на изборите во РАН, а на оние функционери кои ќе бидат избрани во Академијата дека ќе им овозможи да се занимаваат само со наука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.