ВИДЕО: Колку отрови има само на едно јаболко и како да ги исчистите

Видеото открива како топлата вода ги трга наслагите од восок, нечистотија и хемикалии од јаболкото, што секако не треба да се јадат.

Јаболките се едно од овошјата што се најмногу затруени со пестициди – една јаболкница се прска и до 12 пати годишно за да дочека берба. Потоа сосема е вообичаен процесот на потопување во восок што ја прави поубава на изглед и ја чува од расипување.

Експертите советуваат дека е најдобро да купувате јаболка од проверено и органско потекло, но ако не сте во можност, тогаш најдобро е да ја излупите кората.

Видеото открива како врелата вода ги трга наслагите од восок, нечистотија и хемикалиите од јаболките, што во никој случај несмеат да се јадат.

Watch this before eating an apple

Posted by Wow Videos on Tuesday, December 29, 2015

За добро да го исчистите овошјето и зеленчукот со кора од пестициди, најдобро е да се послужите со природни методи: сода бикарбона, вода и оцет.

Помешајте 2/3 води со 1/3 оцет и половина лажица сода бикарбона. Овошјето треба да отстои во оваа смеса неколку минути, добро промешајте и потоа добро измиете со обична вода.