Отсечени 20 села од кумановско

Магистралните, регионалните и локални патни правци во Кумановско делумно се исчистени, а сообраќајот се одвива забавено, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според информациите од РЦУК во општина Куманово отсечени се осум села и тоа Косматац, Мургаш, Колицко, Живиње, Брзак, Карабичане, Кутлибег и Сушево.

Надлежните ги расчистуваат патните правци и најавуваат дека во текот на денот сите ќе бидаат проодни.

Од РЦУК нагласуваат дека нема прекин на електрична енергија, ниту пак до нив досега пристигнало барање од жителите на селата за снабдување со храна и други потреби.

Се работи и на опесочување на некои места за да не дојде до подмрзнување, кон липковските села Никуштак, Ропаљце, во Старо Нагоричане кон Војник, Малотино, Павлешенце, кон ГП Прохор Пчињски.

Тринаесет села од општина Старо Нагоричане се отсечени и тоа Брешко, Буковљане, Добрача, Дренак, Жељувино, Канарево, Мгленце, Макреш, Малотино, Осие, Рамно, Цветишница и Цвиланце се остесечни села во Старо Нагоричане.

Од Регионалниот Центар објаснуваат дека се работи на расчистување на локалните патни правци и во текот на утрешниот ден ќе се направат напори патиштата кон овие високи планински села да бидат проодни.

Во неколку села во оваа општина има прекин и на електрична енергија, а екипите на ЕВН работат на остранување на дефектите.

Регионалниот пат Драгоманце до село Арбанашко кој го одржува ЈП „Македонија пат“ е во фаза на чистење.

Сообракајот во општина Липково се одвива отежнато со остатоци од снег на коловозите. Од Регионалнито центар пак информираат дека патот кон претходноотсечените села е прооден исклучиво за теренски возила џипови и лесни повисоки возила со зимска опрема.Станува збор за селата Руница, Алешевце, Белановце, Гошинце и Лукаре, Пресница,Стрима, Извор и Злокуќане.

Освен една линија кон селото Матејче прекините со електрична енергија кон Виштица и Никуштак комплетно се санирани. До крајот на денот се очекува отклонување на дефектот.

Од секторот за урбанизам од општина Куманово информираат дека екипите на двете фирми задолжени за зимско расчистување,се концентрирани на чистење на патиштата кон соседните блиски села,Горно Којнаре, Никуљане,Орашац.

Од почетокот на врнежите на снег досега фрлени се 50 тони сол.