Канал 5: Отстранет сдсмовскиот камп на пропаднатите надежи

Канал 5: Отстранет сдсмовскиот камп на пропаднатите надежи
Канал 5: Отстранет сдсмовскиот камп на пропаднатите надежи

Целта на СДСМ и на камперите да ја урнат актуелната власт преку секојдневните протести, не се оствари. Скопјани по два месеца конечно ќе може да се движат низ центарот  без нервози,чекања, застрои  и повисоки сметки за превоз.

1500DSC 0027

По двомесечна блокада на центарот на Скопје, замина во историјата кампот на слободата или кампот на пропаднатите надежи, пренесува Канал 5.

Најавен како камп кој требаше да биде поддршка на нелогичните барања и ветувања на Заев не издржа да го види заминувањето на актуелната влада.

Јавните закани на Заев дека Груевски и владата ќе си заминат 3 дена по објавувањето на бомбите, дека прашање е на момент кога меѓународната заедница ќе и покаже црвен картон на владата, дека народот конечно ќе ја ослободи Македонија завршија неславно.

40те бомби на СДСМ не го разнишаа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, туку напротив го урнисаа рејтингот на партијата и на Заев.

Заканите дека ќе се случи народ на 17ти мај, резултираа со тројно поголема бројка на народ на 18ти мај, на митингот организиран од владејачката партија.

Од друга страна, единствениот економски експерт, д-р Ванчо Узунов јасно и децидно се огради од политиките на Заев и СДСМ и си поднесе оставка, потег што ја остава партијата  без човек кој би можел евентуално да подготви некаква програма за претстојните изборите.

Кампот пред  владата ќе остане запаметен како единствен камп во кој се случиле тепачки, единствен камп кој како што доаѓаше летото тој се повеќе се празнеше што е спротивно на туристичката логика, како камп кој секојдневно  ги нервираше скопјани поради неможност за слободно движење.

Од него останаа само купиштата отпад  и нереализираната желба на Заев и СДСМ за заминувањето на владата и негово практикување на власт без добиена доверба на избори. Камперите си заминаа, а нивните организатори ќе мораат да се соочат со изборите на 24ти април наредната година.