Отстранување на целултот со одлични резултати!

Целулитот можеме да го дефинираме како појава на визуелно неприфатливи грутки или вдлабнувања на кожата на одредени делови на телото,која има структура како кора од портокал. Структурално, целулитот се состои од масни наслаги, кои најчесто се јавуват на колковите, задникот и бутините.

Целулитот е еден од најчестите естетски проблеми кај жените и не треба да се меша со дебелината. Понекогаш целулитот може да биде уште повидлив во структурата на кожата со губењето на килограмите. Статистичките податоци кажуваат дека 80% од жените постари од 20 години, без оглед на нивната тежина, имаат проблем со целулитот.photo

Целулитот е исклучително комплексен проблем, кој во своето создавање ја вклучува микроциркулацијата и лимфните жлезди, оток на вонклеточен матрикс и присуство на поткожно масно ткиво кое го зафаќа одредениот дел на дермисот.

Сврзното ткиво на кожата  ги окружува масните клетки кои се наоѓаат во одредени комори. Рабовите на овие комори содржат септи. Со текот на времето,масните клетки се зголемуваат по број и големина. Овој феномен заедно со акумулација на локализираниот едем ја повлекува површината на кожата помеѓу преградите, што доведува до појава на грутки и вдлабнувања кои можат да се видат на кожа зафатена со целулит.

Кои се можните начини за отстранување на целулитот?

Постојат многубројни тераписки опции за лекување на целулитот, од масажи до липосукција. Исто, постојат и голем број на фармаколошки препарати за третирање на целулитот,најчесто без успех.

Еден од најуспешните третмани во нашиот Центар за лекување на целулитот е липолизата, односно, инјектирање на мезококтел Celluform, кој истовремено ги топи локализираните масни наслаги и го третира целулитот.

13407210_1046839382059008_5692344635596112624_n

Исто така, одлични резултати ни дава и карбокситерапијата, како и PRP методата. Огромно достигнување на пазарот на апарати кои го лекуваат целулитот направија машините  на Promoitalia,Prowave Ice, Proshock Ice, Proslimelt, Ray Light Code, Vibrolight, Proellixe, како и Pro2son.

13434856_1047445738665039_2622674732830766070_n

Во зависност од типот на целулитот во нашата ординација се комбинираат споменатите методи.

Сите процедури се безбедни,ефикасни и потполно безболни неинвазивни процедури кои се користат за третирање на целулит,реобликување на телото и намалување на обемот на одредени регии на телото. Со нашите апарати можете да го обликувате телото,да го намалите во обем и да го отстраните целулитот на сите зафатени регии.

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

olgica
Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Аging Center by Promoitalia, Скопје

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.