Отстранување на стрии

Стриите претставуваат линеарни брановидни атрофии на кожата. Кога ќе се појават се црвени или розови,но со текот на времето придобиваат бела или сребрена боја. Можат да се јават на било кој дел од телото, но најчесто тоа се стомакот, долниот дел на грбот, градите, надлактиците, задникот и бутовите.

Нивната појава се должи на физичкото растегнување на кожата (бодибилдинг, бременост, дебелеење, брзо растење и развивање во пубертетот) и хормонални промени во телото (бременост, пубертет). Голема улога при појава на стриите имаат гените и типот на кожата.

Почесто се јавуваат кај жените отколку кај мажите.

Како настануваат стриите?

Кожата се состои од три слоја: епидермис,дермис и хиподермис. Стриите се формираат во средниот слој, дермисот, кога сврзното ткиво се растега надвор од своите граници на еластичност,а по брзата експанзија на контракцијата на кожата предизвикана од нагло растење или добивање на тежина. Наглото истегнување предизвикува пукање на дермисот што допринесува да се види подлабокиот слој на кожата. Воглавно, како телото расне, силните сврзни влакна во дермисот споро се шират, а при нагло растење влакната се истегаат и пукаат. Главна причина за настанување на стриите,покрај генетската предиспозиција, се и хормоните, бидејќи со нивното делување кожата губи еластичност.

Значителна превенција е негата на кожата на телото, редовни хемиски пилинзи, како и урамнотежена исхрана за да се одржи тежината.

strii 2

Зошто стриите не можат да се отстранат со препарати?

Постојат разни препарати со кои се третира оваа појава, но ниту еден од нив не може да ја промени структурата на колагенот во кожата со типично мачкање на зафатените регии. Редовно користење на овие препарати може само да го превенира создавањето на стриите.

Третирање на стриите

Секако дека постои начин да се ублажат и потполно отстранат веќе појавените стрии. Бидејќи истите се последица на изгубен колаген и еластин на кожата, за да ги отстраниме, ќе им дадеме токму колаген. Овој третман подразбира стимулација на кожата на природен начин да произведе нов колаген таму каде таа е ослабена. На овој начин, од третман во третман, може да се забележи како стриите стануваат поплитки, а кожата поцврста и затегната. Најдобри резултати добиваме кога ваквите третмани ќе ги комбинираме со хемиски пилинзи.

Во Anti Aging Center by Promoitalia одлично ги третираме стриите со

-Фракциона ласерска терапија,

-Нашата патентирана PRP метода,

-Хемиски пилинзи,

-Карбокситерапија,

-Колаген индукциона терапија,

-како и со витамински мезококтели Idebae I Nucleonix.

Бројот на третмани е индивидуален и зависи од зафатената површина, широчината на самите стрии но и од староста на стриите. Од третман во третман се гледа подобрување на општата состојба на кожата. Третманите се работат на 2-4 недели, при што најбрзи резултати се добиваат доколку се повторуваат на 15 дена.

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia
Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.