вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 36

Отварајте четири очи кога плаќате за ова во Македонија!

Граѓaните најчесто се жалат за купена неквалиттена бела техника, мобилни телефони и компјутери, има претставки и за одредени кабелски оператори, фиксна мобилна телефонија, интернет...

vnimavaj

Последни вести

Државниот пазарен инспекторат минатата година спровел 5.016 надзори врз основа на Законот за заштита на правата на потрошувачите, од кои над 1.000 биле врз основа на пријави од потрошувачи.

Граѓaните најчесто се жалат за купена неквалиттена бела техника, мобилни телефони и компјутери, има претставки и за одредени кабелски оператори, фиксна мобилна телефонија, интернет, комунални услуги, дистрибуција на електрична и топлинска енергија, за храна со поминат рок, но и за случаи со неточни цени кои се ставени пред производите во маркетите.

Погрешна цена на гондола – Не ме засега, ќе платам онолку колку што пишува!

2Потрошувачите треба да знаат дека според Законот, важечка е онаа цена која што е објавена на гондолата, а не таа што ја имаат во евиденцијат на компјутерот пред каса. Во Законот за заштита на потрошувачите, јасно пишува дека:

„Трговецот мора на јасен, видлив, читлив и недвосмислен начин да ја истакне продажната цена на производите и услугите, односно на продажното место на кое се изложени производите, на производите во рефусна состојба, на услугите кои ги дава и на резервните делови кои ги продава“

Продажната цена мора да биде напишана на производот, односно амбалажата, на продажното место на производите, како и на производот во излогот. На производот, освен цената од ставот 4 на овој член, не смее да се истакнува друга цена. Цената за единица мерка за претходно спакуваниот производ се истакнува на продажното место на производот. Трговецот мора да се придржува на истакнатите продажни цени и условите за продажба“.

Веројатно, на секому му се случило во некоја продвница да прочита дека купената стока не се враќа и не се заменува. Спротивно на ова, во Законот за заштита на потрошувачите стои дека „Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини“.

Ова право може да се оствари во рок од 15 дена од денот кога е купен производот, секако, доколку производот не е употребуван.

Според информациите од Организацијата на потрошувачи,  граѓани се пожалиле и на квалитетот на одредени делови за автомобилите, а најчесто се работело за неквалитетни акумулатори кои пројавувале недостаток во гарантен рок. Од производите за лична употреба најчесто потрошувачите имаат проблем со чевлите кои им се оштетиле за само неколку дена, а потоа следи неквалитетната облека која, исто така многу брзо се оштетувала или избледувала.

Во делот на услугите, потрошувачите најчесто се жалат на туристичките аранжмани, најчесто во летниот период за време на годишните одмори, а поплаките се однесувале на неисполнување на дел од понудите и целосно откажување на аранжман.

Во сето ова, добро е што е свеста на потрошувачите за своите права е зголемена, а надлежните постојано апелираат секој проблем поврзан со кршењето на нивните права да го пријават во Организцијата на потрошувачи и Државниот пазарен инспекторат.

Најчитани вести