четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Отварање на Почесен конзулат на Руската Федерација во Битола

Во Битола денеска свечено ќе биде отворен Почесниот конзулат на Руската Федерација во Република Македонија.

ruski-konzulat-bt

Последни вести

Во Битола денеска свечено ќе биде отворен Почесниот конзулат на Руската Федерација во Република Македонија.

Конзулатот ќе има за цел да ја унапреди економската соработка помеѓу руските и македонските компании, развој на билатералните односи како и промовирање на руските културни и традиционални вредности во Република Македонија.

Во состав на конзулатот ќе има информативен центар, сала за состаноци, музејско-изложбен простор и библиотека, а тука ќе биде сместена и официјалната канцеларија на рускиот конзул. Почесниот конзул на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Самсоненко има надлежност на конзулски округ кој ги вклучува териториите на општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила, Кривогаштани и Новаци.

На отворањето ќе се обратат Илија Исајловски, заменик министер за надворешни работи на Република Македонија и поранешен македонски амбасадор во Руската Федерација, неговата екселенција Олег Шчербак и почесниот руски конзул Сергеј Самсоненко. Најавено е присуство на претставници од дипломатскиот корпус и локалната самоуправа на конзуларниот округ.

По обраќањата, поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан ќе изврши молитвено осветување на конзулатот.

Вечерта по овој повод на Широк Сокак концерт ќе одржат Викторија Лоба и Елена Ристеска.

Најчитани вести