Отворање на Дневен центар за деца со оштетен вид

Во општина Кисела Вода денеска ќе биде отворен дневен центар за деца со оштетен вид на предучилишна возраст.

На отворањето ќе присуствува министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Дневниот центар е сместен во простории во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов”.