Отворање на литературната манифестација Илинден 2015

Литературната манифестација, Илинден 2015  свечено ќе се отвори денес во просториите во Домот на култура ,,Илинден’’.
Со почеток од 19 часот, обраќање ќе има градоначаникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, како и писателот Раде Силјан, но и дел од учесниците кои го даваат својот придонес кон издигнувањето на културните вредности кај нас.

Програмата на Литературната Манифестација, Илинден, 2015 година, започнува денес, со почеток од 12 часот, со средба на писателот Стојан Тарапуза, по повод изборот од неговата поезија под наслов ,,Од изгрев до залез”.

Поради свеченото отворање денеска, како и за петок, 15. мај, организиран е превоз со брендиран автобус, бр.63. Автобусот ќе тргне од Порта Македонија во 18 часот, така што сите оние кои сакаат да присуствуваат на свеченото отворање, имаат слободен превоз, кој веднаш по завршувањето на денешното отворање ќе ги врати назад посетителите.