Македонија

Отворање на новата холандска фабрика во Македонија на 6. мај

Отворање на новата холандска фабрика во Македонија на 6. мај

Иван ван дер Кнап, директорот на холандската компанија Антура, која се занимава со производство на семенски материјал и растенија и која започна со изградба на капацитет во Кочани, изјави дека планови за инвестирање во земјава постоеле уште пред година ипол и додаде дека сето тоа сега се реализира.

-Бевме среќни што можевме да започнеме со изградба на крајот од минатата година и задоволни сме што за 12 месеци сме пред крајот на нашиот проект за изградба на капацитетот. Првите растенија веќе растат во Македонија и веќе стотина луѓе се вработени, изјави Ван дер Кнап.

Холандската фабрика во Кочани ќе биде отворена на 6-ти мај.

-Можам да соопштам дека планираме да ја отвориме официјално фабриката на 6 ти мај. Многу сме задоволни што го запазивме временскиот план за реализација на инвестицијата и сме среќни за целата поддршка која ја добивме и што имаме можност да работиме во Македонија. Се надевам уште на многу успешни години работа, додаде директорот на холандската компанија Антура.